Почитувани корисници,
Новело Дизајн ДООЕЛ, овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.elo.mk.
Користењето на оваа веб страница подразбира дека сте запознаени со сите услови, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате условите. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите.
Материјали кои ги проследува корисниот
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.еlo.mk. со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.
Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Креирање на нарачка
За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница можете да пристапите како гостин без регистрација или да се регистрирате како корисник односно да отворите сметка. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во левиот агол да го селектирате полето ОТВОРИ СМЕТКА, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на ПРОДОЛЖИ ПОНАТАМУ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.
Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.
Избор на производи
На почетната страница поставено е главно мени каде може да избере разгледување на производите според категорија/вид на производи: аксесоари, бебешки чевлички, итн. Со избор на производите се отвора паѓачко мени со секции и соодветните групи производи кои спаѓаат во нив.
Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од десната страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: боја, вид на производ, тип, големина и цена. Со избор на полето покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре десно на страната.
При преглед на производите кои се достапни за купување, доколку кликнете на сликата од производот ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да го видите неговиот состав и да ја одберете посакуваната боја и големина. Со притискање на полето “ВО КОШНИЧКА” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.
Содржина на кошничката
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.
Нарачување на производи од кошничката
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да одберете начин на плаќање.
Напомена – доколку вкупниот износ производите во кошничката е под 3.000 денари, испораката е на трошок на купувачот и чини 130.00 денари од пратка надвор од Скопје, додека во Скопје изнесува 110 денари.
Плаќање
Плаќањето може да се изврши со VISA EC/MC или Maestro картичка, преку жиро сметка или во готово.
Достава
Рокот на испорака е до 5 работни дена. Поради услови на пандемија на Корона со кои се соочуваме, испораката може да се одложи и до 15 дена.
Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава. Доколку клиентот е уредно контактиран за достава, а доставата не е извршена, односно производот е вратен до нас, трошокот за достава паѓа на купувачот.
РЕКЛАМАЦИИ
Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 076-405-505 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба.
Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена
ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите Купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.
На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.
Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат.
Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк банка која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.
ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Новело Дизајн ДООЕЛ, има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката или на трансакциска сметка во рок од 15 дена по приемот на пратката. Во случај на рефундација на средства за производи кои се враќаат по барање на купувачот без причина, при уредна достава и уреден обид за достава, се враќаат средствата само во износ на производот, трошокот за достава се наплатува.